10 C
Ohrid
среда, април 16, 2025
ПочетнаМакедонијаСеќавање на несреќата кај Ласкарци: 16 жртви, ниту еден осуден

Сеќавање на несреќата кај Ласкарци: 16 жртви, ниту еден осуден

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешен ден пред две години се случи кобната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, која однесе 16 човечки животи, а над 30 патници беа повредени. И по две години гостиварци со тага и жалење го спомнуваат трагичниот настан. Автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16.15 часот со 51 патник, излета од коловозот, ги проби банкините, падна и се преврте на стариот дел од патот.

<

Во несреќата животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Судскиот процес се уште трае.

republika

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Благодарение на Стојанче, шахтата во Аеродром доби капак !!!

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека е затворена шахтата што беше отворена спроти Трговскиот центар Скопјанка. Голема благодарност до службите во...

Меѓу уапсените 7 полицајци е и командирот на полициската станица Кочани

Командир на ПС Кочани кој бил на чело на станицата за време на пожарот, а е еден од разрешените полицајци по трагедијата е меѓу...

Бесплатно ѓомлезе во Охрид и Струга по повод големиот христијански празник Велигден за фамилии што не можат да си дозволат.

! ХУМАНИТАРНА ВЕЛИГДЕНСКА АКЦИЈА ! „Ѓомлезе со љубов!“ По повод големиот христијански празник Велигден, со љубов и добрина од срце подготвуваме и донираме домашно ѓомлезе од...

Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес поднесе оставка од функцијата премиер, а својата одлука ја објави преку писмо испратено до Секретаријатот на Собранието на...