12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Реакцијата на Радев е мешање во внатрешните работи на друга држава

Пендаровски: Реакцијата на Радев е мешање во внатрешните работи на друга држава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешните процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓани во друга земја-членка на НАТО. Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна и на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава.

<

Ова е официјалниот став и одговор на прашањеата на „Пресинг Тв“ на претседателот Стево Пендаровски за средбата на бугарскиот претседател Румен Радев со безбедносните структури на официјална Софија и барањето на нивни ангажман за заштита на македонските Бугари од наводното кршење на основните човекови права и слободи и наводната пречка да се прокламираат како такви.

 

До овој момент, претседателот Пендаровски нема добиено ниту една информација од надлежните институции за кршење на човековите слободи и права на македонски граѓани само затоа што ја декларирале својата етничка припадност, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

 

Како држава кандидат за членство во ЕУ ние сме со години под редовен мониторинг на Брисел, но, ниту во последниот годишен извештај за напредокот на Европската Унија не се регистрирани такви случаи, се заклучува во одговорот на Кабинетот на шефот на државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...