21.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаМКД.МК -Заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, се закити со УЧК признание...

МКД.МК -Заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, се закити со УЧК признание во својот кабинет

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, го овековечи моментот во кој во својот кабинет добива како подарок обележје на УЧК објави мкд.мк.

<

Се работи за признание за неговите заслуги во ОВК. На гравираниот на дрво предмет, освен знакот и името на УЧК е напишано и името и презимето на заменик министерот, Назим Буши.

Фотографијата осамна на профилот на извесен Лиридон Бајрами, кому во биографијата на Фејсбук му пишува дека работел за „Унијата на албанските земји”.

„Ја имав честа и привилегијата денеска да се сретнам со командантот на 114-тата бригада Фадил Нимани; Тигар и сега заменик министер за внатрешни работи Назим Буши. Како син на маченик, му го посветувам овој подарок кој докажува дека знае како да биде репрезент секогаш кога е во прашање националниот интерес. На патриотите по војната, Фејсбук патриотите, лесно им е да ни продаваат приказни, но кога беше потребно Назим ја соблече државната униформа и ја носеше униформата на народот. Тоа е доказ за неговата национална визија и став. Многу кратко и јасно му порачав на мојот пријател, драгиот г-ин Назим, дека „зборуваат тие кои не успејаа и не направија ништо за нацијата и татковината, додека карванот врви”. Назим Буши беше и сум длабоко убеден дека секогаш ќе биде во карванот на Албанците. Слава на мачениците“, напишал Бајрами како коментар на објавената фотографија.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...