По новинарско прашање околу тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Зоран Заев ургирал за пропуштање на неколку возила од граничниот премин „Деве Баир“, премиерот истакна дека вистината е дека точно тој се јавил ноќта се јавил кај полициска службеничка Виолета со прекрасен глас.
„Овие возила веќе беа влезени на територија на Македонија и чекаа без право да мрднат. Ми се обрати граѓанин, знам дека е од турска националност, наш граѓанин, ниту му знам име и презиме, ниту знам кој е. Знам дека имаше дечиња во автомобилот, уште еднаш се консултирав вечерта, после полноќ беше тоа. Јас сум достапен за сите граѓани. Се консултирав вечерта дали имаме таква мерка, зошто е тоа забрането, ми кажаа се повикаа токму на таа мерка“, истакна Заев.
Тој додава дека културно се обратил до службеничката и таа уредно забележала дека премиерот се јавил.
„Јас немам прекршено ниту една одредба, туку само сакав да им помогнам на луѓето. Јас всушност не се јавив кај полицајците, туку кај нашиот сограѓанин кој побара помош од мене. Тој им соопшти на полицајците дека премиерот ги бара, а тие на почетокот не можеа да поверуваат.
ТВ21