8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаТажно: Младиот Прилепчанец не знае дека почина неговата мајка бидејќи веќе две...

Тажно: Младиот Прилепчанец не знае дека почина неговата мајка бидејќи веќе две недели е во болница во критична состојба. !!!!

Ковид-19 коси секаде, но колку е страшен вирусот знае поширокото семејство на Гоце Илиески од Прилеп, возач во Брза помош, кој 12 години брза да помага на други, но дојде денот кога хуманите луѓе треба да му возвратат. Дали Гоце ќе ја загуби битката со болеста или ќе има среќа на неговите 42 години повторно да застане на нозе и да спасува животи, зависи и од доброто срце на луѓето, кои се молат да донираат средства, за да може тој да го плати лекувањето во „Систина“.

MMС разговараше со негови колеги и роднини и сите се со споени раце, со молба за помош до сите познати и непознати за спас на овој млад живот.

-Има само 42 години, наш возач во Брза помош долги години, над 12 години. Со Ковид- 19 се зарази тука, на работното место. Ние во Брза помош веќе половината го имаме поминато Ковид-19, кој полесно, кој потешко, но ете Гоце многу заглави. Во моментов е во тешка состојба во „Систина“ на респиратор. Еден болнички ден му е 2.250 евра. Сите собираме и сите ги молиме да помогнат, вели доктор Гордана Николовска – Димеска од прилепската Брза помош.

-Со Гоце сме први братучеди, но бидејќи тој нема браќа и сестри, ние сме како браќа.
Нашето семејство со оваа опака болест се бори од почетокот на декември. Прво почина татко ми од Ковид-19, потоа на осми март починамајката на Гоце. Тој сеуште не знае дека мајка му починала, бидејќи веќе две недели е во болница во критична состојба.

За повеќе детали клик: MMС

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...