8.9 C
Ohrid
вторник, април 1, 2025
ПочетнаМакедонија''Село гори баба се чешла''- Филипче и Заев си се возат на...

”Село гори баба се чешла”- Филипче и Заев си се возат на мотори и се релаксираат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Oва е новото Дубаи, oва е новото Мексико! Државата гори од епидемија и од погреби, а Венко Филипче и Зоран Заев си се возат на своите мотори, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

<

Ова се Зоран Заев и Венко Филипче, коишто денеска низ Македонија се возат со нивните скапи мотори. Режимот продолжува со одмор и релаксација додека Македонија погребува свои граѓани. Секојдневно над 30 граѓани се жртви на епидемијата и на негрижата на Режимот. Секојдневно има над 1400 новозаразени од Ковид-19. Ама Заев и Филипче мува не ги лази и си уживаат во своите крстосувања со скапите мотори од по 30 и кусур илјади евра. Граѓаните очекуваат целосна заложба околу справувањето со епидемијата, додека очекуваат решавање на нивните проблеми, а Заев и Филипче без трошка срам си уживаат во убавото пролетно време. Ова е нивната релаксација – реагира Стоилковски.

Тој додава дека наместо Филипче и Заев да ги гледаме по фармацевските компании, како бараат вакцина повеќе, Филипче кажува дека сè е под контрола и можеби ќе сме имале поголем бран следнава недела.

И се качи на моторот заедно со неговиот шеф Заев да се возикаат низ Македонија. Луѓе умираат барајќи кислород, болниците се преполни, но тоа Филипче не го интересира. Филипче и Заев ги интересира угоден живот, ги интересираат големи провизии, а граѓаните кој како ќе се снајде. Некои во Србија, некои со надеж дека ќе се спасaт, ама Зaев и Филипче тоа не ги интересира. Срамното, бедното и нечовечкото однесување на режимот продолжува – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Обезбедувачот на премиерот Мицкоски, утрово е спроведен во Шутка

Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена...

Претажно: ХРТ направи документарец за Кочани-Дали Македонија има сила да се ослободи од оковите на корупцијата.

Екипата на Лабиринта од ХРТ беше на местото по една од најстрашните трагедии што ја погоди Македонија, кога во ноќниот клуб во Кочани загинаа...

Во интервју откри каква била Цеца во кревет- Па беше убиен после два часа !!!

Два часа пред да биде убиен, Дејан Марјановиќ Шабан во интервју објавено пред 27 години ја откри вистината за врската со Цеца . Тој...

ССМ утре излегува на протест – незадоволство од одлуката за минималната плата

Минатата недела на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов изјави дека на 2 април синдикатот излегува на протест поради одлуката на Владата да ја...