12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаПеришиќ: Состојбата на 73-годишниот Македонец во Србија не е последица на вакцината

Перишиќ: Состојбата на 73-годишниот Македонец во Србија не е последица на вакцината

spot_imgspot_img

Состојбата на 73-годишниот маж од Македонија, на кој му се слоши во салата „Чаир“ во Ниш викендот е непроменета и тој се уште е во кома. Тоа го изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ за БЕТА.

-Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави Перишиќ.

Лекарите ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.

Станува збор за таткото на Влатко Ѓорчев, познатиот лекар Ангелко Ѓорчев. За ова информира самиот Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил.

-Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор. Се надеваме и се молиме да му се подобри состојбата…Вчера рано наутро (недела) тргнал за Ниш да се вакцинира, затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Појде на вакцинација заедно со неколку негови колеги доктори. Стар човек (роден 1948 година), со три бајпаса и три стента. Отиде за Ниш, затоа што цела година беше дома. Речиси без излегување, со минимум, минимум социјални контакти поради ковид кризата, напиша вчера Ѓорчев на Фејсбук.

Појасни дека кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест. -Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш. Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома. Не знаеме сеуште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее, напиша вчера Ѓорчев.

Тој додаде дека за вакцинацијата смета оти треба да продложи и дека тоа е начинот да се заштити јавното здравје.

Вакцинацијата на стопанствениците од Македонија започна во саботата, а завчера пред „Чаир“ имаше голема гужва, затоа што дојдоа и Македонци кои немаа закажан термин.

Директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан, вчера изјави дека на маж од Македонија му се слошило во салата „Чаир“. Неговите први проценки беа дека не е нешто сериозно. Јеркан вчера за случајот на Македонец на кој му се слошило, изјави дека во такви ситуации се можни колапси и како потенцијална причина го наведе заморот.

Тој посочи и дека освен овој случај немало други интервенции и дека имунизацијата поминала добро, како и дека се дадени околу 4.000 вакцини. Вакцинацијата на граѓаните од соседните земји на Србија продолжи и вчера.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...