27.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаВлатко Ѓорчев се прости од својот татко: ''Замина тивко и ненадејно, неизмерно...

Влатко Ѓорчев се прости од својот татко: ”Замина тивко и ненадејно, неизмерно со целото свое битие ја сакаше Македонија”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бог да го прости мојот татко Анѓелко Ѓорчев (72). Почина денес, после 11 дена во кома.
Замина тивко и ненадејно. Ќе го паметат неговите деца и внуци, сите кои го сакаа. Многу роднини, пријатели и БЕЗБРОЈ пациенти на кои неуморно им помагаше целиот живот.
Неизмерно, со целото свое битие ја сакаше Македонија. Македонец што беше поканет во врвните светски медицински институции, а секаде, буквално секаде со занос и со МНОГУ љубов зборуваше за македонЦките работи.
Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев (19.09.1948 – 07.04.2021) претстојуваше на врвните клиники во САД, Велика Британија и Франција, го викаа да остане таму, му нудеа одлични услови, но неговиот повик беше да го лечи својот народ. Тука, во Македонија.
Неговата мисија беше да биде народен доктор, да ги запознае македонските градови и села преку кажувањата на неговите пациенти.
Од било која светска клиника, од било кој светски професор, повеќе му значеше убав збор од некој обичен човек. Најголем комплимент му беа ИЛЈАДНИЦИ пациенти, од сите вери и нации, кои одеа кај него затоа што знеаја дека вреди, дека е стручен, дека ќе помогне.
Знаеја дека ќе им помогне, дека кај него вратата е отворена, дека ќе крене телефон, дека ќе запне за секој човек, дека лично ќе појде во сред ноќ да спасува пациент.
Неговата мисија беше како професор да им предава на младите студенти од цела Македонија, да ги учи и подготвува да бидат добри, компетентни доктори.
Збогум тато. Ќе те спомнуваме и ќе се сеќаваме. Таму, горе од небото гледај и чувај ја твојата сакана Македонија. Зборувај со сите македонски кралеви и цареви, со сите наши комити и војводи за кои читаше целиот свој живот.
Неговиот најголем мерак беше да се ангажира околу неговите внуци, да помага околу нив, да се дружи со нив. Дедо да ги носи во игротека, во зоолошка градина, да ги гледа на фудбал и на балет, да дојде на школската претстава.
Лесна му земја. Многу, многу го сакавме. Почивај во мир тато.
Твојот син,
Владимир Анѓеко Ѓорчев, со сопругата – снаата Сузана и со децата – внуците Марта, Филип, Никола и Катерина.

<

Напиша Владимир на својот фејзбук профил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...