16.6 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Случајот за смртта на овчарот ќе го истражува и ДЗСИ, сакаме...

Филипче: Случајот за смртта на овчарот ќе го истражува и ДЗСИ, сакаме да видиме каде ни е грешката, за следно да нема вакви работи.

Битно е да се расчисти докрај што точно се случило и да научиме од ова што треба да направиме за другпат да не ни се случуваат вакви работи, рече министерот за здравство Венко Филипче за ненавремената помош и транспорт до болница на Златко Божиновски, овчар од Кратовско.

Во „Само интервју” на ТВ Канал 5 министерот рече дека лекарот што бил на терен и ја проценил ситуацијата, направил се што треба, го контактирал надлежниот директор на Здравствениот дом, но треба, рече, да се истражи останатиот дел каде затаила комнуникацијата меѓу институциите.

Посочи дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ќе истражи што точно се случило зашто, како што рече, има на располагање хеликопотери од полицијата и од војската.

– Нека заврши истрагата, зашто во оваа итна служба многу вложивме во минатиот период, и во опрема, и во луѓе, истакна Филипче.

Во однос на проблемите со недостиг на кадар и амбулантни возила на Итната медицинска помош, министерот посочи дека во финална фаза се согласности за нови вработувања и се работи интензивно повеќе од две-три години на зајакнуваање на оваа служба.

Рече дека во Скопје затекнале 12 возила, а сега има 24 и додаде дека со измена на Законот за здравствена заштита услов за специјализација на сите млади лекари со лиценца е да поминат шест месеци и за тоа да бидат платени. За да научат, рече, како се работи на терен – во Итната медицинска помош на вакциналните пунктови и во патронажните тимови. Лани биле ангажирани 150, а оваа година 80 се на располагање во здравствените домови за помош во сите овие сервиси.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...