Да не мислите дека на дневна основа раѓам пратеници, па да ги надополнам тие што се болни, рече собранискиот преседател Талат Џафери на денешната прес конференција на која се обиде да ги разјасни околностите околу одржувањето на вчерашната седница и зошто се дозволило двајца пратеници позитивни на ковид-19 да влезат во Собранието.
Џафери се повика на дополнување на Протоколот за спроведување на мерките со ковид-19 од ноември минатата година прифатен од државната надлежна комисија и рече дека се консултирал со многу експерти пред да ја донесе оваа одлука за одржување на седниците. Двајцата пратеници немале контакт со ниту едно лице во зградата на парламентот, додаде Џафери.
– Протоколот е донесен на 30 јули 2020 година, го потпишав додека бев во болница. Тој протокол беше претставен како целина пред државната Комисија за здравство и тој протокол таму е усвоен, добил пас и ја организиравме конститувната седница . Во моментот кога требаше да ја избереме Владата, Арбен Зибери пријави дека има симптоми, во меѓувреме знаете дека дадовме опзицијата да размисли за онлјан работа на Собранието. Ни под разно не прифаќаа од опозицијата – рече Џафери.
плусинфо