13.5 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаВелигден ќе се чека со скромна трпеза: Зголемени цени на зелените пазари,...

Велигден ќе се чека со скромна трпеза: Зголемени цени на зелените пазари, јагнешко нема ни за лек, литар масло 100 денари.

Во пресрет на Велигден традиционално цените на зелените пазари се повисоки, а тешко се стигнува и до јагнешко. Недостигот од јагнешко е поради тоа што македонските јагниња се најдоа на европскиот пазар за католичкиот Велигден, а цените на пазарите, според производителите, се повисоки поради суровините.

– Моментално тешко се доаѓа до јагнешко месо. Главно, јагнињата се извезоа за католички Велигден, дома остана многу малку, а цените се во пораст. Од 290 до 320 денари, сега цената стигна до 350 за килограм јагнешко. Така е со јагнешкото, додека цената на свинското месо се намали поради помалата побарувачка, а јунешкото има статус-кво цена, изјави Тони Павлески претставник на кланичната индустрија.

Според Слободан Ѓорѓиески, пазарџија на прилепскиот пазар, набавните цени се зголемени за над 20 проценти.

– Набавните цени се повисоки за 20-тина проценти. Не знам што е. Ама ако се погледнат нивите, голем дел останаа необработени.Увозот на краставици од Албанија во старт е 75 денари, продажната цена е минимум 80 денари за килограм. А домашните имаат набавна цена од 110 денари. Како што стојат работите, ова ќе продолжи и по празниците, вели Ѓорѓиески.

Прилепскиот производител на градинарски култури Слободан Калајџиоски смета дека цените не се високи, туку високи се цените на суровините.

– Семенскиот материјал и ѓубривата двојно поскапеа. Семето не е на кило, туку сега се купува според зрно семки за градинарските култури. И ѓубривата се многу поскапени, вели Калајџиоски.

Од прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ велат дека високи се цените на суровото масло на светските берзи и затоа се зголемени и малопродажните цени на маслото.

– Суровото масло на светските берзи уште од 2020 година нагло ги зголеми цените. Од август лани до март годинава, цената на суровото масло порасна речиси двојно. За споредба, од првиот квартал лани до првиот квартал годинава, цената на суровото масло порасна за преку 35 проценти. Настојуваме да испорачаме квалитетни производи, но таа ситуација ги крена малопродажните цени. Се обидуваме да држиме под контрола. Нема вештачки цени, туку сѐ е последица од цените на светските берзи, истакнува Орде Ѓорѓиоски, директор на правниот сектор во „Витаминка“.

Според Сојузот на синдикатите на Македонија, 42 проценти од месечната плата се троши на храна и на пијалаци.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...

Доктор Арбен Таравари му го врати ефридолот на Артан Груби

На прославата на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Тетово, Арбен Таравари се појави со Ефридол пред толпата, и му го врати на Артан Груби. Оваа битка започна...

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...