11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаУтре ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на Република Македонија.

Утре ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на Република Македонија.

spot_imgspot_img

Министерството за здравство информира дека утре во А1 СЦ Борис Трајковски ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РМ, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.

– Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските служби. Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура, соопштуваат од Министерството за здравство.

Во А1 СЦ Борис Трајковски во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација. МЗ апелира до граѓаните кои сакаат да се вакцинираат да се пријават на vakcinacija.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...