3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСДСМ Куманово го елеминира градоначалникот Максим Димитриески од кандидатура за член на...

СДСМ Куманово го елеминира градоначалникот Максим Димитриески од кандидатура за член на Централениот одбор на партијата

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот Атина Мургашанска се елиминирани од кандидатурата за нови членови на Централниот одбор на СДСМ, дознава Кумановски Муабети од внатрепартиски извори…

Од внатрепартиски извори од СДСМ Куманово дознаваме дека денеска на општинска конференција при гласање за нови кандидати се елиминирани и истакнати луѓе од партијата блиски до Димитриевски и Мургашанска.

Како што вели нашиот ивор, поминале повеќе предлози меѓy кои Оливер Спасовски (актуелен министер на МВР), Мартин Костовски и Лидија Тасевска (актуелни пратеници во Собрание на РСМ) и други кандидати блиски до Спасовски и Костовски.

На самата конференција имало жестока дебата помеѓу делегатите со низа нерегуларности спротивни на статутот и деловникот, одземање и прекинување на збор, недозволување на реплики, а дури се зборува дека и градоначалникот Димитриевски во неколку наврати бил прекинат од страна на претседавачот на конференцијата по што истиот обвинил за недостаток на демократски капацитет на актуелното раководство и ја напуштил седницата која се одржувала онлајн.

– Големи критики беа упатени кон актуелниот претседател на СДСМ Куманово и актуелен пратеник во Собранието кој во соработка со Спасовски и блиски луѓе до него ја приватизираа партијата и ја трансформираа во акционерско друштво на нивни блиски луѓе. Дел од делегатите обвинија за непринципиелност и непотизам во Општинската организација на СДСМ и лошите изборни резултати во Куманово на претседателските и парламентарните избори. Онлајн беа присутни 82 луѓе, а други 20 кои велат дека биле присутни во партиските простории не се видени воопшто, што се случува во СДСМ Куманово. Недостасуваа 40 луѓе што е околу 30%. Целата конференција дава многу сомнеж дека е легитимна со самото гласање, вели нашиот извор.

Се обидовме да го контактираме Димитриевски, кој одби да дава коментари и само кусо рече дека во внатрепартиски процедури ќе се расправа за постапката.

Став побаравме и од претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, но иако првично рече дека ќе не побара за кратко, подоцна не одговараше на нашите повици и пораки.

Од самиот врв на ОО на СДСМ за Кумановски Муабети велат дека на 16ти мај ќе се одржи конгрес каде ќе се избира централен одбор со 120 кандидати. Досега од Куманово како членови биле Оливер Спасовски, поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски, актуелниот Максим Димитриевски и Александар Арсиќ.

PROMOTED CONTENT

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...