24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Позади денешните протести се крие бегалецот Никола Груевски.

СДСМ: Позади денешните протести се крие бегалецот Никола Груевски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Објавите на социјалните медиуми на осудениот бегалец во Будимпешта, Никола Груевски покажуваат дека зад утрешните протести за одбрана на насилството, зад обидите за државен удар, зад одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, стои токму тој, велат од владејачката СДСМ.

<

Според нив,денешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на осудени лица за тероризам покажуваат дека Христијан Мицкоски е само потрчко, извршител на желбите на Груевски.

„Откако му пропаднаа сите обиди да го одбрани криминалот, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен да ги извршува нарачките од неговиот ментор во бегство во Будимпешта“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека и покрај шесте порази на избори, Мицкоски не ја научил лекцијата и не сфатил дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....