7.5 C
Ohrid
вторник, април 1, 2025
ПочетнаМакедонијаСемејството на починатата пациентка: При шиење на матката, зашиено и е тенкото...

Семејството на починатата пациентка: При шиење на матката, зашиено и е тенкото црево, причина за контаминација на организмот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шок и неверување во семејството на Ирена Костовска, која во рутинска операција за отстранување на миом на матка, го загуби животот, а зад себе остави две деца на шест и осум годишна воздраст. Сопругот на Ирена моментално е надвор од државата, а нејзиниот девер за „Слободен печат“ ги раскажа настаните кои довеле до смртта на младата жена.

<

-Ирена на 22.04.2021 година беше оперирана од страна на д-р Викторија Јовановска, директор на ГАК. Операцијата поминува „успешно“, отстранет и е миом на матката, но Ирена има проблеми со подуеност на стомакот што се „решава“ со пробиотик! Утрото на 28.04.2021 состојбата и се влошува и откако на ГАК ја отвараат и сфаќаат што се случило ја испраќаат во Клиниката за абдоминална хирургија каде е извршена уште една интервенција од страна на д-р Љубомир Огњеновиќ. Констатирано е дека при шиење на матката на 4 места е продупчено и сошиено тенкото црево што довело до контаминација на организмот со фекалии и труење! Последниот обид на д-р Огњановиќ да направи интервенција е на 06.05.2021, тенкото црево е скратено и санирани се загноените рани, ставено е дрен за да може организмот да ја исфрли непотребната течност. Мојот последен контакт со неа беше завчера вечерта 08.05.2021, а последните зборови и беа „многу ми фалат децата!“ Вчера, 09.05.2021 во утринските часови се слушнала со децата а јас ја побарав околу 11 часот и не ја добив. Искомуницирав со моите родители кои во моментот ги чуваат децата и ми кажаа дека се слушнале и рекла дека ќе легне да одмори. Околу 14 часот од мои лични извори добив информација дека Ирена починала.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...