26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаСветВо иднина земјоделците ќе може малку да здивнат: Фармерите ќе може да...

Во иднина земјоделците ќе може малку да здивнат: Фармерите ќе може да ги управуваат своите трактори преку мобилниот телефон.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најновите технологии кои се присутни во електричите автомобили, најдоа примена и во земјоделските машини.

<

Kомпанијата Ztractor произведува три модели на електрични трактори: Bearcub 24, Mars 45 и SuperPilot 125. Bearcub 24 е најмалиот модел и е наменет за органски мали фарми.

Mars 45 e е солиден избор без обзир на големината на фармата, може да користи 250 посеви и 150 разни тракторски додадоци како ротациони фрези и плугови. SuperPilot 125 е наменет за големи фарми и работи со 50 приклучоци, како култиватор, садилка…

Фармерите може да ги користат своите компјутери, мобилни телефони и таблет компјутери за да ги постават границите во кои ќе се движат овие самоуправувачки електрични трактори, а оној кој управува мора да остане во растојание до 8 километри. Нивниот систем има 67 сензори, шест камери, GPS и собира податоци во реално време додека работи на полето.

Bearcub 24 има батерија со капацитет од 24 kWh која овозможува осум часа работа со едно полнење, моделот Mars 1о часа, а SuperPilot 125 часа со едно полнење на батеријата.

Животниот век на овие трактори е најмалку 15 години, а батеријата се менува после осмата година.

Најмалиот модел Bearcub 24 чини 42.000 долари (околу 35.000 евра) и веќе е достапен за купување, а останатите два модели треба да се најдат во продажба наредната година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на загинатиот тапанар од ДНК до Сиљановска, Мицкоски и Тошковски: Немате срца, бирајте месец но на 16-ти дајте оставки

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК Георги Георгиев, на денешниот протестен марш во Кочани упати остри пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, до премиерот...

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...