15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Многу ми е битно дали ќе бидат сочувани виталните македонски национални...

Пендаровски: Многу ми е битно дали ќе бидат сочувани виталните македонски национални и државни интереси

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јас во овој момент сум реалист и умерен оптимист. Разговарав со премиерот Зоран Заев, тој е таков по карактер, секојпат поголем оптимист од мене и од другите, државното раководство, кога ние ќе паднеме со духот тој не крева.

<

Ова го изјави меѓу другото претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска по билатералната средба во Рим со неговиот италијански колега Серџо Матарела, одговарајќи на новинарски прашања во врска со обидите за пронаоѓање решение со Бугарија и одблокирање на почетокот на преговори на земјава со ЕУ.

Тој информира дека сигурно наредните денови ќе доставиме предлози, кои ќе се базираат на акциските планови, секторската соработка, кои, како што рече, ги правевме и во ноември и во декември, ги доставуваме и до Брисел и до Софија. Тој посочи дека нема иновација во тој дел, а вклучена е патната и енергетската инфраструктура, медиумска соработка, културата, образование…

„Многу ми е битно дали при тоа ќе бидат сочувани виталните македонски национални и државни интереси“, дециден беше претседателот Пендаровски.

Ставот на Софија, кој во овој момент го формулира само претседателот Радев, бидејќи нема други функционални институции, истакна Пендаровски, е дека вратата не е затворена во однос на португалскиот предлог. Укажа дека тоа е се што знаеме во однос на ставот на Софија за португалскиот предлог.

„Ние сега бараме да почнеме со преговори, а понатаму низ годините можат буквално сите барање од тие нивни декларации и резолуции да ги стават на маса. Меѓутоа зборуваме да почнеме со процесот“, изјави Пендаровски.

Во однос на мониторинг од страна на ЕУ за почитување на договореното, шефот на државата нагласи дека нема да има нов договор со Бугарија, а земјава нема никаков проблем со тој мониторинг.

Во однос на можноста за отворање посебно поглавје, кое би се однесувало на почитувањето на договореното, Пендаровски вели дека нема проблем со посебни поглавја, ниту со патокази и какви било други документи, но она за што е заинтересиран е нивната содржина, што пишува во нив.

„Можам да констатирам од мојата средба со Радев и претходно другите контакти со него, неспорна е една работа, претседателот Раде зборува со сосема поинаква реторика од претходниците во бугарската Влада, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и се обидува да ја спушти топката и се обидува со културен речник да се обраќа. Тој се држи до суштинските бугарски барања, не не навредува, и тоа веќе кажува оти се работи за човек кој е сериозен, стабилен и не мисли да ќарува само политички поени со тоа што ќе навредува некој од соседите“, рече шефот на државата Пендаровски.

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски изјави дека на средбата со неговиот италијански колега Серџо Матарела добиле целосна поддршка за нашите ЕУ интеграции и дека Италија ќе се заложи не само за С Македонија, туку и за целиот регион на Западен Балкан, кој предолго чека во чекалната на европските интеграции.

До крајот на оваа година, по 20 години, како што најави Пендаровски, во земјава во официјална посета по осамостојувањето треба ќе дојде шефот на италијанската држава.

-Италија е битна држава во ЕУ. Италија била една од најгласните адвокати за Балканот да биде интегриран во евроатлантските интеграции и значајно е што еден човек, кој е во својата седма година од мандатот и еден од најпочитуваните европски државници да ја посети нашата држава и на лице место да ни изрази поддршка за сите битни стратешки работи и за нас и за нив, нагласи Пендаровски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...