-4.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаЗабаваКако момчето бездомник стана непобедлив мајстор во шах (ВИДЕО)

Како момчето бездомник стана непобедлив мајстор во шах (ВИДЕО)

Танитолува Адевуми, десетгодишно момче по потекло од Нигерија, победи на Државниот шампионат во шах на Њујорк во категорија што вклучува деца до трето одделение од основно училиште.

Оваа вест не би била особено интересна доколку зад неа не се криеше неверојатна приказна.

Имено, Танитолува живееше во Нигерија до 2017 година. Смртта беше насекаде околу него. Неговото семејство мораше да ја напушти својата земја поради неславниот Боко Харам. Милитантите на оваа исламистичка група убиле невини цивили во селото каде што живееше Тани, па мораа да бегаат за да си ги спасат животите.

Тие успеаја да пристигнат во Њујорк, каде веќе четири години живеат во прифатилиште за бездомници. Секој ден чекаат вести за нивното барање за азил во САД.

Тани, како што го нарекуваат неговите пријатели и семејството, се вљубил во шахот пред една година, поточно кога започнал да посетува основно училиште во Њујорк.

Тоа го прави неговиот успех уште поголем. Момчето кое првпат наиде на шаховска табла и фигури пред две години успеа да триумфира на државните шампионати. Тој ги надмудри богатите деца од приватните училишта кои со години работеа со своите приватни инструктори за шах.

За малку Тани немаше да добие шанса да се натпреварува. Членството во шаховскиот клуб се плаќа, па мајката мораше да напише молба за да биде прифатен. Таа напиша дека нејзиниот син многу сака шах, но дека тие едноставно немаат пари за членарина и котизација. За среќа, во училиштето имаа слух, па го ослободија од плаќање и добија шампион.

Тани го обожава шах. Тој започна да присуствува на бесплатни тричасовни часови секоја сабота во Харлем.

Сакам да станам најмладиот велемајстор во историјата, изјави ова убаво момче за „New York Times“.

Неговиот тренер Рус Макофски е свесен дека во рацете има небрусен дијамант, па започна кампања за помош на Тани и неговото семејство. Тие собраа половина од планираните 25.000 УСД.

За само една година, стигна на ова ниво, се искачи на шаховскиот врв и е најдобар меѓу најдобрите без финансиска помош од семејството … Никогаш не сум го видел тоа во мојот живот, вели Макофски.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...