3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСаше Политико: Заев испадна по ербап за економија од Груевски – десетици...

Саше Политико: Заев испадна по ербап за економија од Груевски – десетици компании се тепаат да дојдат кај нас

spot_img

Премиерот Заев во прексиноќешното интервју за ТВ Клан откри дека германската компанија ВПД (WPD) доставила документ за стратешка инвестиција.

Изградба на ветерен парк на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка од 400 мегавати, што според претседателот на Владата, вложувањето би изнесувало 500 милиони евра.

Во завчерашното интервју за ТВ Клан тој рече дека инвестицискиот план кој го претстави во саботата би се остварил затоа што процедурите и документацијата се во фаза во која даваат доверба.

Нагласи дека станува збор за процес на кој, како што вели, се работело подолго време, но дека сега се создадени услови да биде соопштен пред јавноста..

„Имаме писма, документи, сме дошле до одредена фаза, донесена е одлука на Влада за усвојување на сите тие проекти и дадени се задолженија на институциите да влезат во финализација на правните документи за да почнат со реализација ваквите инвестиции“, истакна Заев.

Инвеститорот го достави целиот пакет на документација во Владата и веќе завршуваат финалните преговори. Позитивно е тоа што овде немаме обврска ниту за фидинг тарифи, ниту за премиуми. Се работи за инвеститор кој има веќе 5 000 мегавати изградено од кои што овде на Балканот се 500 мега-вати ветеренци.

Ќе направиме се да постигнеме договор и да влеземе во Парламентот со Законот за стратешки инвестиции“, рече премиерот на прес-конференцијата во саботата.

Новинарот Саше Ивановски Политико, кој важи за исклучително близок до актуелната владеачка гарнитура, на својот портал Мактел, објаснува зошто Заев излегол по ербап од Груевски и во економијата:

„…Премиерот Заев вчера пола саат ги читаше фирмите кои се заинтересирани во земјава да градат сончево централи, гасни централи, ветерници, хидро централи…

Како тоа одеднаш на светот му текна дека во земјава има сонце ветар и вода, па ние сонце ветар и вода имаме од пред 30, море од пред илјадници години, но како тоа баш сега тоа светските инвестироти го увидоа?!?!

Како тоа Грујо со своите десетици род шоуа по светот со своите десетици луѓе пратени по светот да бидат економски амбасадори не успеаја да донесат 12 години инвестоти за Чебрен, да донесат инвеститори за гасни централи, сончево колектори, ветерници?!?!

Како тоа одеднаш нагрнаа десетици такви и Заев мораше да ги чита пола саат устата пена му фати?!?!

Сигурен сум дека ви е јасен одговорот на оваа дилема, одговорот има 4 букви –НАТО…“, пишува меѓудругото Ивановски.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...