28.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаМакедонијаПремиерот Заев го ''сефтоса'' експресниот пат Штип – Радовиш во должина од...

Премиерот Заев го ”сефтоса” експресниот пат Штип – Радовиш во должина од 23 километри со службеното возило..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од денес граѓаните ќе може да патуваат по експресниот пат Штип – Радовиш, кој е комплетно завршен со должина од 23,56 километри од клучката Штип југ до Бучим. Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ја имаа честа први да возат по овој пат.

<

„Оваа прва фаза е завршена на 22 април годинава, пред предвидениот рок, во услови на пандемија. Кога застана целиот свет, тука се работеше интензивно. Така, во рок од три години, во согласност со предвидената динамика, добивме завршен проект по сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди. Сакам да напоменам дека во последните триесет години ова е единствениот пат завршен пред предвидениот рок и силно верувам дека овој тренд на прецизност, висока професионалност и без никакви проектни и градежни отстапувања ќе се следи и во иднина“, рече премиерот Зоран Заев во воведното обраќање по повод пуштањето во употреба на експресниот пат Штип – Радовиш, прва фаза.

Тој рече дека изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш има исклучително влијание врз развојот на економијата во овие три региони – Штип, Радовиш и Струмица и придонесува за рамномерниот регионален развој, побрз транспорт на стоки, на услуги, како и на луѓе.

„Експресниот пат Штип – Радовиш се надоврзува на автопатот Миладиновци – Штип и благодарение на тоа граѓаните на југоисточниот дел на нашата земја за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до главниот град Скопје. Времето за патување возејќи прописно и безбедно – двојно се скратува“, истакна Заев и додаде дека интензивно се гради југоисточниот дел од нашата земја и дека продолжуваат да инвестираат во капиталните проекти.

Министерот Бочварски рече дека експресниот пат Штип – Радовиш е од огромно значење и за економскиот развој на регионот ако се има предвид дека овде работат приближно 12 илјади мали и средни претпријатија.

„Сакам да информирам дека интензивно работиме и на изградба на втората фаза од овој експресен пат – делниците од клучката Три Чешми до Штип југ, како и делница од Бучим до Радовиш. Очекуваме оваа делница комплетно да биде завршена средината в година. Овој експресен пат е дел од државната А4-рута, почнувајќи од граничниот премин Блаце, преку обиколницата кај Скопје и новиот автопат до Штип и преку овој експресен пат се поврзуваме со соседна Бугарија. На тој начин добиваме брза патна врска на целиот Југоисточен Регион“, рече Бочварски.

Директорот Рустеми рече дека вкупната проектирана должина на комплетниот експресен пат А4 е 40,46 километри, а вкупната вредност е речиси 60 милиони евра.

„Со техничките квалитети на експресниот пат, со по една коловозна и помошна лента и со ширина од 11,4 метри, тој претставува основа за можен иден автопат. Максималната брзина на движење на возилата е 110 километри на час. Оваа прва фазата од експресниот пат А4 во време на пандемија е комплетно завршена во предвидениот рок од 3 години. Изградена е во согласност со важечките прописи и стандарди со издвоена вкупна вредност од 45 милиони евра. Заради подобро поврзување со блиските населени места на експресниот пат, изведени се вкупно 40 објекти за премостување, односно 4 клучки во согласност со највисоките стандарди, 7 натпатници и потпатници, 11 мостови и вијадукти и сето ова за полесен пристап на граѓаните до и од експресниот пат. По целата должина на патот има заштитна жичена ограда за побезеден сообраќај“, рече Рустеми и додаде дека со спој на патниот правец А4 Штип – Радовиш со автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип се овозможува комуникација со регионите надвор од државава и пошироко.

Претставникот на Европската банка за Северна Македонија, Андри Аранитаси, истакна дека проектот претставува постојан придонес на Банката во насока на подобрување на транспортната инфраструктура на земјата и ја потврдува нејзината посветеност кон тоа.

tocka

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Вевчани запален голф со охридски регистарски ознаки !!

На 22.07.2025 во 02.53 часот во Полициската станица Струга, Н.П. пријавил дека пред неговата куќа во Вевчани, било опожарено неговото патничко возило „Фолксваген голф"...

Славевски: Македонија златото го чува во Банка во Англија.

Македонија Славески: Македонија златото го чува во Банка во Англија, ќе проверам дали е таму Автор: Деск 4NEWS.MK 22/07/2025 14:59 Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на отворена...

Антонио истрча 600 км до Острог: „Ова беше за мајка ми и татко ми што ме гледаат од небото”

Македонецот, кој трчаше 600 километри од Скопје до Острог, бос пристигна на својата дестинација и падна на земјата „не од слабост, туку од благодарност“,...

Страшна сообраќајна незгода во Битола: При судар комбе со џип настана пожар на едно од возилата.

Во 18:55 часот денеска била примена дојава за сообраќајна незгода во битолското село г.Оризари. Територијалната противпожарна единица Битола интервенирала со едно возило и пет пожарникари. Засега...