3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМоже ли четиричлено семејство во Македонија да преживее со две минимални плати?

Може ли четиричлено семејство во Македонија да преживее со две минимални плати?

spot_img

Синдикалната минимална кошница, поради инфлацијата, само во текот на изминатиот месец порасна за двесте денари, достигна 33.976 денари и не е комплетна….

Ниту две минимални плати не се доволни за да преживее едно четиричлено семејство во Северна Македонија. Според пресметките на синдикатот, во просек околу 50 евра му фалат на секое семејство да ги подмири основните трошоци, кои вртоглаво растат секој месец. Како за илустрација од почетокот на годинава до ноември скоро за илјада денари се зголемени основните месечни трошоци. Ако во јануари на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.791 денар за подмирување на трошоците, во ноември веќе му биле потребни 951 денар повеќе.

Синдикална кошница

Последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари повеќе во однос на две минимални плати. Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци, како и за плаќање режиски трошоци. На едно семејство од четири члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, потребни му се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци. За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари.

-повеќе на темата: Просечната плата расте, стандардот тапка во место

Синдикалната минимална кошница од месец во месец расне што значи дека се зголемуваат трошоците на живот на работниците. Во однос на октомври синдикалната кошничка е зголемена за 38 денари, а во однос на септември за 121 денар. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27 899 денари. Минималната плата не е доволна повеќе ниту само за храна и пијалоци.

Најмали плати – најголеми трошоци

Македонските граѓани имаат најниски примања меѓу земјите од поранешна Југославија. Просечната октомвриска плата во Словенија е највисока и изнесува 1.181,35 евра, потоа доаѓа Хрватска со 890,41 евра, па Црна Гора каде во ноември во просек се исплатени 525 евра. Следат Србија со 512,19 евра, Босна и Херцеговина со 490,76 евра и Северна Македонија со 454,31 евра.

-повеќе на темата: Северна Македонија има најевтина храна и пијалоци во Европа

Интересно е што Македонците трошат дури 37 проценти од своите месечни примања на храна. С. Македонија е меѓу земјите во Европа со најголеми семејни трошоци за храна. Се најде на четвртото место од вкупно 40 земји опфатени со неодамнешната студија објавена на руската новинска агенција, РИА Новости. Интересно е што процентот за трошоци за храна е помал во поразвиените земји. Во Луксембург жителите трошат само 8,4 проценти од својот буџет за набавка на храна. Холандија и Велика Британија се следни со 10,6 отсто од трошоците. Исто така, помалку од 12 проценти за храна трошат жителите на Ирска, Германија, Финска, Австрија и Норвешка.

Населението тоне во сиромаштија

Речиси една четвртина од жителите на Северна Македонија тонат во сиромаштија. Според податоци на Државниот завод за статистика објавени минатата година, 455.600 лица во С.Македонија живеат во тешки услови, што е 21,9% од вкупното население, исто како и во 2018 година, додека во 2017 година тој процент беше 22,2. Анализата е направена во согласност со препораките на Европската Унија.
Стапката на сиромаштија во најбројните, четиричлени домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца изнесува 19,5 проценти, односно секое четврто семејство во оваа категорија е сиромашна. Светска банка во мај минатата година објави дека над 55.000 луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија. Според нивните прогнози ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени за два до три пати. Сиромаштијата ќе се врати на нивото од пред 2017 година, па дури и од пред 2015 година.

-повеќе на темата: Кога нема пари ни за едно кафе

„Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија“, стои во извештајот на Светска банка. Од Западен Балкан, во најлоша состојба се Македонија и Албанија. Најголемото годишно зголемување на бројот на невработени е забележано во Албанија, и тоа за 25 проценти, а во Македонија за 11 проценти.
Во истражувањето коешто го спроведе УНИЦЕФ и „Фајнанс Тинк“ околу социјалните и економските ефекти на Ковид-19 врз децата во Македонија, а коешто беше објавено во јуни годинава, секое трето дете во Македонија ќе живее во сиромаштија, а нови 16 илјади деца ќе паднат под прагот на сиромаштијата бидејќи нивните родители ги загубиле можностите за приход.

dw.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...