25.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Koнечно Успеавме! Од денеска нашите граѓани можат да комуницираат за 0...

Заев: Koнечно Успеавме! Од денеска нашите граѓани можат да комуницираат за 0 денари во роаминг

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев и генералната секретарка на Советот за регионална соработка во рамките на Берлинскиот процес Мајлинда Брегу, денеска во Охрид, на маргините на настанот Преспа форум дијалог испратија порака по повод укинувањето на роаминг тарифите помеѓу шест земји на Западен Балкан.

<

-„Успеавме! Од денеска нашите граѓани можат да комуницираат за 0 денари во роаминг. Ова е пораката којашто заедно со селфи ја испративме со Мајлинда Брегу на нашите пријатели во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, и Црна Гора, стои во пораката од премиерот Заев.

Инспирирани од Европската Унија, се додава, воспоставивме и создадовме средина каде што сите наши граѓани ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони да зборуваат, да испраќаат пораки и да користат интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци.

-Ја остваривме идејата која ја договоривме во 2019 година за да го олесниме поврзувањето меѓу нашите граѓани, меѓу бизнисмените, академската заедница и младите и да го забрзаме напредокот кон поврзување на регионот. Ова е наш заеднички успех и здружување на иницијативите за подобри услуги за нашите граѓани и за забрзување на економскиот напредок на регионот. Со ова сме чекор поблиску до приклучување кон концептот „Роаминг како дома” со земјите од Европската Унија, се нагласува во пораката од Заев.

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу во својата порака на оваа заедничка промоција за 0 роаминг меѓу земјите на Западен Балкан со премиерот Заев истакна дека денеска е историски ден.

-Ние сме во роаминг фри зона за сите држави од Западен Балкан. РСС одигра важна улога во овој процес, но немаше да ја постигнеме целта без лидерите од регионот, нивната посветеност и соработка, заедно со партнерството од Европската Комисија. Од овој ден, ги избришавме границите, бариерите и тарифите на нашите мобилни телефони. Како што истакна и премиерот Заев, следен предизвик ни е да ги започнеме разговорите со Европската Унија и да ги намалиме цените во роаминг помеѓу Западен Балкан и ЕУ“, заклучи Брегу. ж

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...

Од 1-ви јануари полицијата трајно може да го одземе вашето возило, и ќе се користи за државните институции !!!

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје...