7.5 C
Ohrid
среда, ноември 27, 2024
ПочетнаМакедонијаВо ова струмичко село некој нема капка вода за пиење, заради што...

Во ова струмичко село некој нема капка вода за пиење, заради што некои жители си ги наводнуваат нивите..

Во шишиња и туби, жителите на струмичко Банско цела недела носат вода за пиење и одржување хигиена во своите домови, оти несовесни соселани водата од локалниот водовод ја трошат за наводнување ниви и пластеници. Тие денеска реагираа и побараа да се лоцираат несовесните соселани, бидејќи, како што кажаа, не е во ред на температури над 40 степени да се нема вода дома. Сега тие се принудени да чекаат ред на селската чешма или да одат по нивите, каде што имаат пумпи за наводнување.

„Со туби и шишиња носиме од нивите или од чешмата, која е од природен извор, ама слабо тече. Имам три внучиња, не можеме да се испереме. Секој ден со колички носеме вода во домовите, а плаќаме за водовод. Цела недела е така. Срамно е да се нема вода, а ние сме замјоделци кои секојдневно сме по нивите. Мора да интервенираат надлежните и да ги пронајдат дивоприклучените, но и да ги санкционираат оние кои од селскиот водовод наводнуваат“, реагираше Гоце Трнов од Банско.

Од струмички „Комуналец“ потврдија дека имаат проблем со водоснабдувањето во ова населено место. Велат дека тоа е резултат на несовесно и неодговорно трошење на водата, со што тешко се полнат резервоарите, а во дистрибутивната мрежа нема вода или пак е со мал притисок во долните делови од селото.

„Ние сме на терен и се обидуваме да ги отстраниме аномалиите, за да се обезбеди нормално водоснабдување на жителите на Банско. Ги отстрануваме дивите приклучоци на водоводот, но тешко може да се утврди од каде се наводнува, дали од селскиот водовод или од некои бушотини“, изјави Тоди Стојанов од ЈП „Комуналец“.

Оттаму велат дека ќе ги зајакнат контролите за да може Банско, кое брои околу 2.000 жители, да има вода за пиење.

В. ТРАЈКОВ СДК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов од ЦУК избран за „Маж на годината“ за 2024

Дотераната елита од сите сфери на живеење, се собра, синоќа, во Националната опера и балет каде, традиционално, 7-ми пат по ред, се одржа...

Во новата книга на Ангела Меркел Заев е опишан како храбар и решителен човек.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува...

Во следните две години доктори во мали места ќе може да работат сами, без медицински сестри

Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција...

Претседателот Бајден помилува две мисирки со бели пердуви !!

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на...