7.4 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаUncategorized @mkИнтерпелација за Џафери за свесно и злонамерно истиснување на македонскиот јазик од...

Интерпелација за Џафери за свесно и злонамерно истиснување на македонскиот јазик од употреба

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери. Информацијата денеска на прес-конференција ја потврдија двајцата пратеници на овие партии, Гордана Силјановска-Давкова и Димитар Апасиев.

Причината за интерпелацијата на Џафери е тоа што говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел, но и кршење на ковид-протоколите на седницата кога двајца пратеници од мнозинството, кои беа позитивни на ковид-19, дојдоа во скафандри за да гласаат за економските мерки.

Левица ја најави интерпелацијата во петокот, а тогаш од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат и кривична против Џафери поради кршење на Уставот.

Во соопштението што денеска го објави Левица, а во кое посочува дека добиле поддршка и од останатиот дел од македонската опозиција, се наведуваат три причини за интерпелација на собранискиот спикер:

(1) повреда на Амандманот V од Уставот на РМ, преку неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Џафери пред Комитетот на министри на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Републиката;

(2) свесно и злонамерно истиснување на македонскиот јазик од интерната употреба во парламентот, преку противуставно, противзаконито и противделовничко доставување само на двојазични материјали за сите пратеници (на македонски и на албански јазик), а не само за оние пратеници кои говорат друг јазик во службена употреба, различен од македонскиот; и

(3) повреда на Протоколот и Дополнението на протоколот за организирање седници во услови на корона-криза, кога спикерот – правејќи кривично дело – дозволи двајца позитивни пратеници на ковид-19 да гласаат во скафандри во Собранието на РМ, загрозувајќи го здравјето на сите останати пратеници,наведува Левица.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...