18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКафематот не е 70 милиони денари, туку го добивме гратис бидеќи ние...

Кафематот не е 70 милиони денари, туку го добивме гратис бидеќи ние трошиме кафе за 60.000 денари !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за правда ги демантира информациите дека набавило кафемат во вредност од над милион евра и вели дека системот за јавни набавки направил грешка испишувајќи ја сумата од 70.000.000 денари.
„Станува збор за грешка на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, кое по реакција на Министерството е коригирана. Министерството за правда има склучено договор со фирмата „Медикал маркетинг“ ДООЕЛ за годишна набавка на кафе во вредност до 60.000 денари (без ДДВ). Кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра е добиен од истата фирма на користење без надомест, односно Министерството нема трошоци за него и ќе биде вратен по истекот на договорот.
Вредноста не мора да биде искористена во целост доколку вредноста на доставеното кафе е помала од истата, односно колку ќе се потроши толку ќе се плати за една година, при тоа да не се надмине износот од договорот“, гласи реакцијата на министерството.
Претходно на системот за е-набавки беше објавено дека се набавува кафемат со патрони од 70.000.000 денари, но по реакцијата од јавноста, тендерот беше избришан.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...