3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПроф. Трајковски: На овој народ поважно му е да се забавува и...

Проф. Трајковски: На овој народ поважно му е да се забавува и патува, а за разболувањето и умирањето ќе му ја мислиме отпосле…..

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски кој на својот Фејсбук профил редовно објавува статистички прикази за состојбата со Ковид-19, и ги следи и анализира сите официјални информации поврзани со коронавирусот, објави нова анализа за делта сојот на својот Фејсбук профил.

Со големо жалење морам да констатирам дека нема ништо од свеченото прогласување крај на епидемијата во текот на август. Преминот од намалување во зголемување на дневните броеви на нови случаи , којшто прв го предвиде ефективниот репродукциски број Rt (со седумдневно усреднување) уште пред неколку дена, веќе е потврден во сите временски рамки. На дијаграмот на втората слика гледаме дека Rt со 15 дневно усреднување, пресметан со една друга метода, исто така веќе наголемо е над единица. Дури и со 20-дневно усреднување Rt веќе надмина 1,30. Јасно е дека нема враќање наназад, броевите допрва ќе растат. Засега имаме локална трансмисија во Тетово, можеби и во Скопје, но прашање на денови е кога ќе се прелее и во останатите градови, пишува професорот Трајковски.

На дијаграмот на третата слика имаме уште една потврда на промена на трендот. Уште пред неколку дена 7-дневната (брзата) подвижна средна ја пресече оддолу нагоре 14-дневната (бавната) подвижна средина, што е можеби најочигледната потврда за промена на трендот, која дојде тука за да остане.

На Богородица за излез од државата се чека до…

ИСПОВЕД: Моментот кога сфатив дека ние сме нехуман народ…

На дијаграмот на четвртата слика, пак, гледаме дека портокаловата надолна линија на трендот беше пробиена уште пред десетина дена, кога прв пат споменавме ризик од промена на трендот, којшто сега е веќе потврден. Потврда претставува и седумдневната подвижна средина (зелената линија) која веќе заврти нагоре, како и линијата на регресиониот модел (црвената) линија.

Овој дијаграм ни кажува уште нешто важно. Доколку немавме увезен Делта сој, поради експоненцијалното намаување на дневните броеви на случаи деновиве ќе имавме просечно само по два нови случаи на државно ниво. Но, сега имаме просечно по 11, што значи дека Алфа сојот е во малцинство. Без секвенционирање на геномот на вирусот (штом не набавиле со време најнови китови за тестирање на Делта сој) не знаеме дали Делта или Бета (јужноафриканскиот) сој е доминантен, но со текот на времето, заради поголемата преносливост Делта во секој случај ќе стане доминантна и над Бета. На Делта и беше лесно да стане доминантна, затоа што влезе во празна куќа и немаше потреба долго да се чека за да ги надмине по број Алфа случаите.

Значи, Делта сојот е тука и веќе локално се шири низ Тетово, евентуално и низ Скопје. Жално и истовремено смешно звучат изјавите на нашите власти дека допрва ќе разгледувале воведување ПЦР тестови за влез од Грција во Македонија. Употребната вредност на таквата мерка во овој момент (штом не ја презедоа пред три недели) е рамна на нула, бидејќи веќе сега бројот на домашни случаи од Делта сојот е поголем од бројот на увезените. Контрола на границите сега би имала смисла само доколку Тетово, евентуално и Скопје, се стават во еднонеделен карантин, па да се вратиме на нула.

За тие што не знаат, да се потсетиме како работи краткиот локдаун на почетокот на епидемијата, како на пример во Австралија или Нов Зеланд. Штом нов случај е дијагностициран во еден град, се претпоставува дека тоа лице веќе имало контакти со други лица, на кои што им го пренело вирусот. Тогаш се воведува локдаун, за да не можат неоткриените заразени да заразуват други лица, а истовремено да ги покажат симптомите. Бидејќи веќе биле во локдаун, тие продолжуваат во изолација, но најважно е што не можеле заразат други, освен домашните. При мал број на случаи, 7 дена би биле сосема доволни (пет дена е просечното време на инкубација за Делта сојот), додека при многу случаи би биле потребни 14 дена, заради статистичкото расејување (времето на инкубација може да биде од 2 до 14, па и повеќе денови).

Така, овие предложени мерки не значат практично ништо. До сега знаевме дека се безобзирни, но сега веќе имаме основа и за сомневање во менталните капацитети на тие што одлучуваат , односно ги изложуваат на ризик здравјето и животите на илјадници луѓе. Допрва ќе се уверат и дека стапката на прележаност, заедно со вакцинираност, нема да биде доволна (кој ли ги учи дека е доволна?) за да спречи ново избувнување на есен.

За десетина дена ќе започнат и првите хоспитализации, а на почетокот на август и првите смртни случаи. Но, сега е поважно населението да се забавува, патува и прави свадби, а за разболувањето и умирањето ќе му ја мислиме отпосле,пишува професорот Трајковски во најновата анализа на состојбата со делта сојот на коронавирусот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...