11.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаЛефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поевтини струјата преку РЕК Битола и РЕК Осломеј

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поевтини струјата преку РЕК Битола и РЕК Осломеј

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ВМРО-ДПМНЕ во прв план ја има енергетиката и здравата животна средина. Во таа насока наш приоритет ќе биде да обезбедиме поевтина струја за сите, изјави Миле Лефков – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

<

Образложи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи тоа на начин што ќе го продолжат животниот век на термоцентралите во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ќе обезбедат работа за истите до 2040 година.

„Со тоа ќе го зголемиме производството на струја и ќе влијаеме на намалување на нејзината цена“, рече Лефков.

Како една од целите на партијата го издвои и планот општинските и градските власти да извршат бесплатен приклучок на гас до 50 отсто од домаќинствата за еден мандат.

„Достапноста до гасот како енергенс ќе ги исфрли тврдите и течните енергенси од употреба, како што се дрвата, мазутот и другите енергенси со кои се греат дел од домаќинствата, а кои во значителна мера влијаат на загаденоста на воздухот во зима“, рече Лефков.

Според опозициската партија, со ваква стратегија ќе се намали загаденоста на воздухот и до 50 проценти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...