16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЗбогум сиромаштијо: ВМРО ДПМНЕ ветува 750 евра просечна плата, односно 45.000 денари.

Збогум сиромаштијо: ВМРО ДПМНЕ ветува 750 евра просечна плата, односно 45.000 денари.

spot_imgspot_img

Денеска продолжуваме практично со она кое што започнавме во скопската општина Гази Баба, каде што ја имавме првата промоција на политиките под концептот „Македонија за сите луѓе“. Денеска продолжуваме овдека во општина Карпош, после темата енергетика, после визијата на ВМРО-ДПМНЕ содржана во концептот „Македонија за сите луѓе во енергетиката, заштитата на животната средина“, денеска од овде во Карпош ќе зборуваме како до просечна плата во еден мандат од 750 евра, односно 45.000 денари, и како до легализирање односно до формализирање на тргувањето со крипто валутите и со имплементирање „Blocкchain“ технологијата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја која што ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности кои што ги нуди трговијата со крипто валутите, а верувајте ми таа не е мала. Ќе зборувам денеска малку повеќе и за тоа. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот. А, исто така денеска ќе зборуваме и за „Blockchain“ технологијата која што се помалку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа, истакна тој.

Така што ценам ќе биде навистина интересно тоа што денеска ќе го зборуваме и ценам дека имаме што да понудиме на скопјани, на карпошани, но и на Македонија, посебно на овие две теми. Тоа што денеска ќе го презентираме ќе заинтрегира и ќе биде новитет на македонската политичка сцена или како што тоа сакав денеска да го презентирам пред еден мој соработник да не чекаме иднината да дојде, туку да одиме кон иднината“.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим со отворено писмо до јавноста !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...