-2.1 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаОдделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против 37-годишна...

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против 37-годишна бајачка.

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава за „измама“ против 37-годишна жителка на Прилеп, која во Дебар се претставувала како бајачка.

– Таа, со намера да прибави противправна корист, на 18 јули свесно довела во заблуда жителка на Дебар на која, претставувајќи се како бајачка, и побарала златен накит и не и го вратила, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Од недоамна, особено по пристигнувањето на иселениците, на главната улица во градот е зголемен бројот на питачи, жени и деца, кои главно се од Прилеп и Велес, а ги има и од Битола и Гостивар.

Ова е редовна појава во летниот период кога во родниот крај доаѓаат иселениците за кои питачите велат дека се подарежливи од мештаните. За пазарење во Дебар секојдневно доаѓаат и луѓе од соседните општини Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно од долнореканскиот крај.

Полицијата во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа спроведува акции за нивно отстранување од улиците, но тие повторно се враќаат во поголем број, посебно од средината на јули до крајот на август кога присуството на иселениците е најмасовно.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...