5.7 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСтојанче: Ако не сте задоволни од мене ќе си заминам од...

Стојанче: Ако не сте задоволни од мене ќе си заминам од Македонија.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов објасни за ситуацијата со пожарот во Кочани, при што рече дека побарал хеликоптер за Кочани, меѓутоа истиот бил веќе во Нагоричане, а потоа не можел да стигне до Кочани.

„Најверојатно причината е спој на жици од бандери. И не станува збор за стар пожар како што се појавија шпекулации, туку за сосема нов. Сувата вегетација придонела пожарот да се рашири во неколку различни правци. Кога ситуацијата стана сериозна, од страна на градоначалникот, од мене беше побаран хеликоптер. Но, тој дејствуваше во Нагоричане, и беше ризик. Поради тоа хеликоптерот дејствуваше на тој терен кој е тешко пристапен, додека пожарот во Кочани кој се движеше полека кон првите куќи и кон едно соседно село, можеше да се контролира од земја.
Тој вели дека вчера бил слободен и со приватно возило заминал во Крушево, но од таму не можел да предвиди дека ќе се појави пожар.

„Еве сега додека држам прес-конференција некаде може ќе се појави пожар. Значи ли тоа дека не треба да имам прес-конференција? Вчера имавме 14 активни пожари и како можам јас да ги менаџирам сите тие пожари. Мојата екипа од ЦУК вчера машки изработи на терен. Оние кои велат дека не сум презел ништо очигледно е дека не гледаат вести, бидејќи јас вчера бев гостин на неколку вести во живо. Хеликоптерот околу пладне направи пауза, и цела јавност треба да знае дека небезбедно е да лета хеликоптер на 37 степени. Па зарем треба да се ризикуваат животите на пилотите? Се нека изгори, нека бидат живи и здрави луѓето. Дрвјата пак ќе се вратат, а загубените човечки животи, не. Пред неколку дена хеликоптерот прегреа и беше ризик за животите на посадата, мораше леталото да се крене на висина од 2.000 метри за да се излади. Хеликоптерот кога требаше да замине од Куманово за Кочани немаше гориво. Горд сум бидејќи ние како држава и ЦУК спасивме вчера човечки животи. Луѓе вчера можеа да умрат”, вели Ангелов.

Тој додава дека надлежност на ЦУК е да спасуваат животи.

„Спасивме животи на луѓе, а потоа сѐ останато. 1.100 војници на АРМ се во приправност, а 200 се веќе на терен и тие иако не се пожарникари, дадоа сѐ од себе и го изгаснаа пожарот во Кочани, благодарение на тоа што директорот на ЦУК побара од врховниот командант дозвола за вклучување на армијата. Вчера се создаде паника, а таа убива и во војна и во мир. Паниката не нѐ носи никаде, во Кочани изгореа само два покриви од куќи, а луѓето ќе бидат обесштетени. И Владата и градоначалникот на Кочани ќе направат сѐ за да ги обесштетат луѓето”, вели Ангелов.

„Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава. Ако се утврди спротивното, ќе побарам извинување од сите новинари кои ме нападнаа и мојата мајка мораше да ги слуша сите тие работи. Земете истражете, не пишувајте шпекулации“, рече Ангелов.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...