17.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНелсон од Португалија четири дена гасне пожари во делчевско

Нелсон од Португалија четири дена гасне пожари во делчевско

По локализирањето на пожарот кај малото Пасјак во делчевското село Нов Истевник продолжува коодинацијата за гасење на пожарот кај село Трботивиште.

На терен се забележливи пожарникари, припадници на Армијата, од Македонски шуми, доброволци, кои ќе се упатат кон моменталното жариште – месноста Свети води кон планината Средна објавува курир.мк.

Сега, како што велат треба да се делува кај Желевица, што е повисока месност и е потребен ангажман на повеќе воздухоплови.

Меѓу учесниците во гасењето е и волонтерот Нелсон од Португалија кој четврти ден е ангажиран во активности кај селото Стари Церник. Тој истакна дека биле посветени да спречат ширење на пожарот кон селото.

Околу евакуација на населението во овој крај придонес даде и волонтерот и жител на Стари Церник Борче Димитровски, кој порача дека материјалната штета се надоместува, но оти е најважно да нема човечки жртви.

-Ништо не е смирено, неколкупати го потценивме овој оган и неколкупати се соочивме со многу поголеми штети од тоа што можевме или не знам дали можевме да спречиме. Сега ќе одиме пак мала екипа да се распоредиме затоа што огнот е веќе на премногу места и ќе се обидеме да го спречиме, рече Димитровски.

blob:https://www.facebook.com/eb4b5ccb-d138-4538-a7c1-6f3613c732ac

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...