23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаТрагедија- Загина 18 годишно девојче пред наплатна рампа кај Куманово во судир...

Трагедија- Загина 18 годишно девојче пред наплатна рампа кај Куманово во судир на ауди и камион

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера пред наплатната рампа Романовце кај Куманово загина 18 годишно девојче, сопатничка во автомобилот ауди, додека младиот 20-годишен возач се здобил со тешки телесни повреди. Повреден е и 55-годишниот возач на камионот. МВР информира дека несреќета се случила синоќа во 21.55.

<

– Вчера во 21.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Скопје – Куманово, на околу еден километар пред наплатна станица „Романовце“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.В.(20) од Куманово, и товарно возило „застава“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(55) од кумановското село Старо Нагоричане. На местото на незгодата починала М.М.(18) од Куманово, сопатничка во возилото „ауди“, додека С.В. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, велат од МВР.

На местото на несреќата веднаш пристигна јавен обвинител и екипа на СВР Куманово кои направиле увид, по што телото на починатото девојче е предадено на обдукција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...