19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПремиерот Заев: Ние се грижиме за здравјето на граѓаните, затоа и се...

Премиерот Заев: Ние се грижиме за здравјето на граѓаните, затоа и се новите рестриктивни мерки од 15 август.

Воведувањето на рестриктивните мерки од 15 август се важни за на 1 септември децата да почнат на училиште, да имаме успешен попис, да завршат локалните изборите како што треба, порача премиерот Зоран Заев при обиколката на терен од беровското село Будинарци, каде што се стационирани сите сили за гаснење на пожарите во Малешевскиот регион.

Владата донесе одлука за воведување на нови рестриктивни мерки, со цел да се спречи ширењето на новиот делта сој на коронавирусот и забрзано да не се полнат болниците низ земјава. Премиерот, Заев истакна дека на угостителските објекти им е оставен простор од осум дена да се реорганизираат, бидејќи овој период е на организирање на свадби и веселби со доаѓањето на печалбарите во земјава.

-Значи прослави по 15 нема на затворено, а на отворено и на затворено, коишто ќе работат сите угостителски објекти, театри, концерти, одредени културни настани, семинари или било што ќе може да присуствуваат граѓани, кои што имаат потврда за примена најмалку една доза вакцина. Јасно е дека преку со тоа е испратено пораката за вакцинација и ги поттикнуваме граѓаните да се вакцинираат. Зошто? Заради тоа што тоа е само единствениот лек и начин да се избориме со оваа пандемија, рече Заев.

Посочи дека ограничување на движење, односно полициски час нема да има, но секој којшто не е вакциниран нема да може да оди во кафетерија, театар, концерт или друг настан. Заев забележа дека на тој начин државата се грижи за колективното здравје на граѓаните, а ќе се применуваат мерки, кои веќе важат во европските земји.

Сител.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...