Додека многу земји од ЕУ, одбиваат да примат иселеници од Авганистан, Македониаја освен што сама се понуди, е една од земјите која ќе прими поголем број бегалци. Тоа според премиерот Заев, било дека имаме многу поголемо срце од другите земји.
„Имаме поголемо срце од останатите, затоа примаме Авганистанци. Нашиот регион имал траорно минато и знаат колку е важна помошта, некој да ти понуди рака. Ги носиме трошоците на превоз од аеродром до хотелите, бесплатен преглед и ако има потреба за други активности. Нема потреба да нудиме работа“, истакна Заев.
Тој додаде и дека најголем дел од трошоците ќе ги покрие САД, но Македониаја ќе треба да се погрижи за превоз од аеродром до хотел, ПЦР-тестови, вакцини, здравствени прегледи.
„Досега за се што е потврдено трошоцит еќе ги покријат организациите, САД, невладините организации, но тоа не значи дека ако треба нешто да покриеме и ние ќе покриеме. Ќе носиме трошоци за превоз од аеродром до хотели, ПЦР тест, вакцина и здравствен преглед. Нема потреба да нудиме работа, имаме потврдено 15 новинари, новинарот од Би-Би-Си ќе работи за Би-Би-Си, одредени активисти за организациите ќе работат, тие се вработени во тие организации“ – изјави премиерот Заев.