17.8 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДете во градинка тепано со метална лажица

Дете во градинка тепано со метална лажица

Негувателка повредила дете во градинката „Детска радост” во Автокоманда во Скопје. Детето се вратило дома со крвава рана на главата. Според неофицијални информаци на мкд.мк детето раскажало дека раната ја добило откако вработена го удирала со лажица по глава бидејќи му се истурило јадењето.

Дека има пријава за ваков настан за МКД.мк потврди и директорката на градинката, Анета Петровска. Таа вели дека е точно дека детето имало рана на главата, но сѐ уште се утврдува што се случило и укажа дека целосна информација за настанот официјално ќе ни соопшти откако ќе заврши истрагата и ќе се знае што навистина се случило.

„Јас до овој момент прибирав податоци и документација и други насоки за постапување по случајот. Секако дека ќе постапиме согласно законот, и се што истиот ни налага ќе биде испитано. Пријавата за настанатата повреда кај детето е од родителите. Ќе биде формирана и комисија која ќе го испита целиот овој случај, па дополнително ќе ја известиме јавноста со сите официјални податоци. За сега да ја почитуваме презумцијата на невиност и додека не се утврди што точно се случило, не можам да давам било какви информации со кои би и наштетила на истрагата”, изјавила директорката Петровска.

Вработената негувателка, која е пријавена дека наводно го повредила детето, и денес е на работно место во градинката, но како што вели Петровска преземени се претпазливи мерки и таа не е со децата.

“Во групата во која се случил инцидентот имало 15 дечиња на возраст од 2 до 6 години. Во градинката има камери на влезот и излезот, но не и во занималните каде што се чуваат децата, бидејќи не е дозволено да се снима”, вели Петровска.

За случајот вчера извести и МВР. Од таму беше соопштено дека завчера во 19:30 часот во СВР Скопје 41-годишна скопјанка пријавила дека во градинка во населба Автокоманда нејзиното дете било физички нападнато со тврд предмет од вработената Б.Ф. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...