29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПредупредувачки бојкот на наставата, Царовска: Бојкотот нема да користи никому

Предупредувачки бојкот на наставата, Царовска: Бојкотот нема да користи никому

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Предупредувачки бојкот на наставата во четврто одделение се одржа денеска во основното училиште „7 Март“ во Милетино, Општина Брвеница. Родителите се незадоволни што учениците не добиле печатени учебници и ќе треба да учат од дигитални учебници како што е предвидено со новиот концепт на настава за четврто одделение.

<

– Никој не е против дигитализацијата во наставата, но бараме тоа да биде помошно средство. За објаснување. Книгата да биде главно средство за наставата. Учебник е учебник. Образованието е бесплатно за сите, а ваму сме приморани да печатиме учебници. Немаат сите можности ниту да печатат учебници ниту да купуваат таблети или други уреди за следење на наставата изјави Ненад Ѓорѓески, родител и член на училишниот одбор во ОУ „7 Март“ во Милетино.

Министерката за образование Царовска вели, бојкотот нема да користи никому.

– Наставниците се задоволни од новата програма за прво и четврто одделение и се подготвени да ја спроведат. Затоа апелирам до родителите, но и до одредени политички партии да ги тргнат настрана своите тесни лични интереси и во моментов да го следат интересот на децата – изјави министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” во општина Кисела Вода, коментирајќи ги заканите за бојкот на наставата поради новата програма.

– Ниту едно училиште не е затворено заради бојкот. Бојкотот не врши работа на никого, а најмалку е во интерес на учениците. Јас како министерка, и ние како Влада, интензивно се трудиме да обезбедиме образование коешто работи и е во функција на секое дете, рече Царовска.

Таа посочи дека новата програма треба да даде квалитет и да ги насочи учениците да учат и да ги поврзуваат сите теми кои се дадени во наставните програми и понатаму во животот да можат да ги применат тие знаења.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е иницијатор на денешниот предупредувачки бојкот на наставата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...