13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаНа локални избори се гласа за чоек, а не за партија!

На локални избори се гласа за чоек, а не за партија!

Битола изгуби четири години! Не бе дечки, не се сака така градот. Не се сака со ќутење и со прифаќање на сѐ. Се сака со работа.

Во изминатите четири години, ако не беше Поинаку, односно јас и Иван Чулакоски како советници во Советот, тешко дека некој ќе знаеше шо точно се случва во Општината Битола и Советот.

проблемите континуирано и транспарентно ги соопштувавме. Четири години кажвавме дека општината не работи. Четири години бевме нарекувани хејтери, циркузанти, терористи…

За денес сопствената партија да ви кажи дека така било. За денес истите вие кои нѐ плукавте, први да пишите дека добро е шо има промена и дека Битола немаше градоначалник за граѓаните.

Тоа само покажва колку сте биле само за сопствените фотељи и за ситни добивки.

Четири години директорите, советниците, лажните профили на вашите директори, пратеници, функционери, кои безрезервно нѐ вреѓаа, денес велат дека редно беше да има промена.

Битола изгуби четири години!!!

Не бе дечки, не се сака така градот. Не се сака со ќутење и со прифаќање на сѐ. Се сака со работа.

А битолската опозиција нема да ја коментирам. За четири години не успеавте да сфатите дека сте опозиција, дека треба да немате суета, дека не треба никој да потценвате, дека треба да се отворите за граѓаните, а не да делите функции уште недојдени, почекајте го барем сопствениот кандидат.

Мило ми е шо после четири години сме свои на своето и ве уверувам дека Поинаку никогаш нема да скршни од патот за независна Битола.

Да сте живи и здрави, се надевам ја научивме сите лекцијата дека на локални избори се гласа за чоек, а не за партија.

Фала ви на сите за поддршката овие четири години, борбата за Битола продолжува!

ПС. Зошто немаме кандидат за градоначалник? Во овај момент реалноста вели дека за наш кандидат да влези во втор круг ќе мораше да сме со некоја партија, а така немаше да нѐ сакате, а и ние не сакаме така. И то ќе биди, ко ќе дојди моментот!

(Фејсбук статус на авторката)
Извор: Плус Инфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...