18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче- Сите млади кои починаа изминатиов месец се невакцинирани

Филипче- Сите млади кои починаа изминатиов месец се невакцинирани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите млади кои ни починаа во изминатиов месец поради компликации од ковид-19 се невакцинирани, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

<

Според него состојбата со корона вирусот во Македонија спласнува, но ситуацијата е се уште сериозна заради што апелираше да се вакцинираат што повеќе млади луѓе.

Вели дека најголем индикатор за тоа каква епидемиолошка состојба имаме се амбулантските прегледи.

-На Клиниката за инфктивни болести, сега има околу 120 прегледи дневно, намален е и притисокот во болниците. Во Тетово во моментов болнички се лекуваат 90 пациенти, за разлика од претходниот период кога имаше и 120 хоспитализирани. Најголем број од хоспитализираните пациенти кои се вакцинирани имаат примено само една доза. Освен тоа

Истовремено, Филипче нагласи дека вакцините на Фајзер се препорачани и за децата од 12 до 18 години, но сега главно апелот е насочен за граѓаните над 18 години.

-Сакаме опфатот во оваа возрасна група сериозно да го зголемиме. Токму помладите се оние кои многу повеќе се социјализираат, но тие се и медијаторот и го шират вирусот. Затоа во четврток ќе биде отворен и пункт за вакцинација во рамки на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, рече Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...