23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПристигнаа новите полициски возила – Еве како ќе изгледаат

Пристигнаа новите полициски возила – Еве како ќе изгледаат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска (14.09.2021) во Скопје заменик министерот за внатрешни работи на Република Чешка Јиржи Новачек на министерот Оливер Спасовски му ја врачи донацијата- возила наменети за Одделот за организиран и сериозен криминал, кои ќе помогнат за уште подобри резултати на оваа организациона единица. Овие возила се набавени по пат на спроведување на постапка за јавна набавка на возила, а со наменски добиени средства со донација од страна на Република Чешка, при што се набавени неколку видови на возила за потребните на разни служби во Министерството.

<

За Одделот за организиран и сериозен криминал се набавени осум возила „шкода октавија“ (дизел) и пет возила „шкода скала“ (бензин), сите со Еуро 6 мотор со јачина од 115 коњски сили и потрошувачка помалку од 4 литри гориво на 100 километри, опремени со високо ниво на додатна опрема, што гарантира високо ниво на безбедност на службениците кои ќе ги користат на разни задачи. Возилата од денес ќе бидат во функција со цел зголемена оперативност на Одделот.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи на Република Чешка, предводена од заменик министерот за внатрешни работи Јиржи Новачек, од вчера е во посета на Република Северна Македонија. На вчерашната билатерална средба уште еднаш беше потврдена одличната соработка меѓу двете министерства и двете држави, а министерот Спасовски и заменик министерот Новачек потенцираа дека одличната соработка ќе продолжи и во наредниот период.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...