18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонското знаме поставено во холот на НАТО во Пентагон

Македонското знаме поставено во холот на НАТО во Пентагон

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Знамето симболично го открија министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер
Во холот на НАТО во Пентагон се одржа церемонија на откривање на македонското знаме, кое по членството на земјава во НАТО им се придружи на 29-те знамиња на останатите земји членки на Алијансата, информира Министерството за одбрана..
Знамето симболично го открија министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер.

<

„Посочувајќи дека членството на Северна Македонија во НАТО го зацврсти мирот и стабилноста на регионот, Купер и се заблагодари на министерката Шекеринска за нејзиното лично залагање за членството во НАТО и за огромниот придонес во развивањето на македонско-американските односи“,
велат од Министерството за одбрана.
Шекеринска, се вели во соопштението, истакнала дека успехот со членството во НАТО е резултат на силна политичка храброст, 30-годишна напорна работа, но и на постојана поддршка од пријатели како САД.

„Ви благодарам што верувавте во нас“,

рече министерката.

На церемонијата присуствуваше и американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз која рече дека нашето членство во НАТО е од решавачка важност за стабилноста и напредокот на регионот.

360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...