Ковид мерките за невакцинираните повторно ги натераа дел од граѓаните да излезат на улица. Тие се против, како што велат, присилната вакцинација. Како што можеше да се забележи од нивните транспаренти, медиумите биле вирус, а здравиот разум лек.
Претходно се одржаа повеќе протести откако Комисијата за заразни болести одлучи да донесе рестриктивни мерки за невакцинираните, односно да не можат да влезат во трговски центри, ресторани, хотели и слично.