2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопјанка измамена за 50.000 евра: Сакала да го излекува нејзиниот син, со...

Скопјанка измамена за 50.000 евра: Сакала да го излекува нејзиниот син, со скапа терапија !!!

spot_imgspot_img

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, 48-годишна жена од Канада, со престој во Скопје, пријавила дека во периодот од јуни до август оваа година била измамена за сума од околу 50.000 евра од страна на нејзин роднина Љ.Н. од Скопје.

Според пријавеното, откако нејзиниот 21-годишен син дошол во Скопје, мајката на пријавителката во јуни забележала чудно однесување кај него и го споделила проблемот со нивниот роднина Љ.Н., кој ù кажал дека нејзиниот внук најверојатно има проблем со дрога и се понудил да помогне со негово лекување со одредена скапа терапија. Како што е пријавено, пријавителката се согласила и во повеќе наврати му дала на Љ.Н. околу 50.000 евра, но кон крајот на јули и таа дошла во Скопје и се посомневала во терапијата што ја примал нејзиниот син, по што пријавила во полиција.

Од полицијата информираат дека за случајот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...