6.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Да отвориме нови работни места за да ги вратиме луѓето во...

Мицкоски: Да отвориме нови работни места за да ги вратиме луѓето во Македонија, сега со СДСМ сме на дното на листите по животен стандард

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија истакна дека ситуацијата во државата е многу сериозна, а власта е отсутна од реалноста, државата со оваа власт тоне во криминал и корупција и токму затоа ова се избори кои одлучуваат за нашата иднина, дали ќе дозволиме да живееме во ваква држава или ќе се избориме за нова, подобра и поуспешна иднина, на проекти и победи.

Мицкоски потенцираше дека слоганот на власта за најдоброто од вашата општина, всушност е најлошото затоа што со СДСМ, Македонија ниже порази и Македонија е најкорумпираната земја во Европа, но и дека е најлоша во справување со пандемијата и тоа заради неспособноста на Заев и Филипче.
– Денеска имаме најголем број на починати од Ковид пандемијата, на врвот сме во Европа на наши сограѓани кои го загубија својот живот од ковид пандемијата. 14 луѓе изгореа живи, 14 луѓе во Тетово ги загубија своите животи и до ден денеска после неколку недели нема ниту еден човек кој ќе се охрабри да понесе орговорност преку неотповиклива одставка, туку се обидуваат преку политички трикови и го слушаме Заев кој вели дека нема потреба од оставки, дека тие направиле премногу и ќе чека некаква истрага. Но нема бегање од вистината, а тоа е дека 14 луѓе гореа поради неспособноста на Венко Филипче, пораид неспособноста на Зоран Заев, затоа што пуштија во употреба објект кој не требаше да го пуштат рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека власта е најдобра во една работа, а тоа е само во издавање на пасоши на нарко дилери, нема нарко трговец на Балканот кој нема македонски пасош кој му го издал Оливер Спасовски, па дури се проширија до Шпанија и Италија.

– Нема нарко бос кој нема македонски пасош, а денеска вие кога ќе отидете да извадите пасош мора да чекате со денови за термин за сликање, а потоа и денови да добиете пасош. Имаме вицепремиер за борба против корупција, кому најголемо достигнување му се десетици килограми запленет путер со изминат рок. Имаме генерален секрета на влада кој 4 години местеле тендери, за да денеска под превезот на тоа дека е во куќен притвор си се шета слободно, посочи Мицкоски.

– Ние нема да ветуваме многу, но тоа што ќе го ветиме, ќе го оствариме. Нам ни треба нова иднина, и знам дека ние ВМРО-ДПМНЕ по локалните избори и потоа по формирањето на ново парламентарно мнозинство ќе бидеме тие кои ќе ја креираат таа нова иднина, која ќе биде поразлична и поуспешна од ова секојдневие кое сега го живееме. Треба да изградиме заеднички патриотизам, кој ќе обединува, да ја победиме заедничката мака, да покажеме дека политичарите мора макотрпно да работат, заеднички да ги вратиме луѓето кои се иселија од Македонија, народот да има повеќе пари во џебот, да носиме добри вести да се радуваме на нови работни места, истакна Мицкоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...