18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонската јавна администрација во петок ќе работи само 4 часа.

Македонската јавна администрација во петок ќе работи само 4 часа.

spot_imgspot_img

Македонската јавна администрација во петок ќе работи само 4 часа. Тоа значи дека ако работното време им почнува во 8 часот наутро, дома ќе можат да си заминат уште во 12. Вакви измени предвидува новиот закон за административни службеници кои сега е во нацрт верзија и веќе е објавен на ЕНЕР, пишува Фактор.

Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.

(2) За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.

Според актуелниот закон, административните службеници мора да одат на работа по 40 часа неделно а со измените, тоа ќе се скрати на 36 часа.

Ваквите измени доаѓаат во време на превработена јавна администрација и катастрофално ниво на квалитет на услуги кои од неа ги добиваат граѓаните. Истовремено, јавните финансии никогаш не биле на полошо ниво, па наместо да размислува за намалување на бројот на вработени во јавниот сектор кои граѓаните практично ги плаќаат за ништо, надлежните се решаваат да им го скратат работното време. Од друга страна тоа е сосема спротивно на заложбите приватниот сектор да се направи поатрактивен од јавниот.

Во моментов во приватниот сектор речиси во секоја фирма се работат по повеќе од 40 часа неделно, вклучувајќи саботи и недели.

Извор: Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...