14.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонија26 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров, и ден денес ...

26 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров, и ден денес случајот не е решен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешен ден пред 26 години врз претседателот, Киро Глигоров беше извршен атентат, а оттогаш иако имаше бројни заложби и ветувања дека нарачателите и извршителите ќе бидат пронајдени и донесени пред лицето на правдата, досега нема никакви конкретни резултати, а атентатот врз првиот македонски претседател паѓа во заборав.

<

Во историјата ќе остане запишано дека на 3 октомври 1995 година врз претседателот беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата….

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција до работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодираше кога автомобилот на претседателот поминувал покрај него.

Од силината на експлозијата, Цитроенот беше целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Експлозивната направа е производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имале смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година.

Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1- ви јануари 2012 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

17 годишник провалил во Онкологија- Обил 18 шкафови !!

Неколку дена по ред масовно се крадело на Клиниката за онкологија каде биле обиени повеќе од 18 шкафови на вработени пренесува „Плусинфо“. Она што...

Алијанса за Албанците го исклучи од партија Мито- директорот на Геријатрија

Алијанса за Албанците одржа состанок на 10 април годинава, на кој го разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на...

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...