25.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Ѓорче тврди дека направил пат, а патот никаде го нема?!-...

Градоначалникот на Ѓорче тврди дека направил пат, а патот никаде го нема?!- Значи некој го има украдено?!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој бара нов мандат, деновиве е на терен за ги убедува жителите дека треба повторно да дадат глас за него. Па така, промовира што направил во изминативе четири години, каде асфалтирал, каде градел, реновирал. Меѓу останатото, во неговиот т.н. отчет, пишува дека поставувал и бекатон плочки. Наведени се и осум мали улици, каде, како што тврди Наумоски, го „наредил“ бекатнот. Но, жителите тврдат дека на терен го нема, пишува порталот Скопје1.

<

Ако се цени мислењето, но и состојбата на терен според фотографиите кои жители ги доставија до „Скопје1“, тогаш излегува дека 365 бекатон плочките фалат на улицата 73 и улицата 75, кои според Наумовски, веќе имаат бекатон. Наместо плочки, на овие две улици има вегетација односно трева и камења, кои при најмал дожд стануваат кал.

Од порталот велат дека се обиделе да проверат дали има можеби две улици со исти броеви во Ѓорче Петров, но до таква информација не дошле. Овој отчет, каде стојат сработените проекти на Наумоски, се дистрибуира по жителите од неговите тимови кои агитираат за глас плус на изборите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...

Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

Муслиманите во Македонија и ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам (Фитр Бајрам). За да...