29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ бара итна седница во Собранието за разрешување на Филипче и Хасани

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница во Собранието за разрешување на Филипче и Хасани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Итна седница во Собранието за разрешување на Филипче и Хасани бара опозицијата по скандалозното одбивање на оставките од страна на премиерот Заев кој се правдаше дека немало менаџерски и политички причини министерот и заменик министерот да ги напуштат фунциите заради трагедијата во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ смета дека пожарот во модуларната болница кој одзема 14 животи е резултат на неодговорноста на власта и поднесуваат иницијатива за свикување итна Седница – претседателот на Собранието Талат Џафери треба да одговори на ова барање најдоцна за десет дена.

<

„Сметаме дека зелената агенда на ДУИ и СДСМ, за жал, изгоре со тетовската модуларна болница, со којашто изгоре и принципот за политичка и објективна одговорност на носителите на јавни функции коишто треба да се грижат за здравјето на граѓаните, а гледаме дека здравјето и животите на 14 луѓе беа колатерална штета на неодговорната власт“, изјави Милошоски.

Од кабинетот на спикерот информираат дека Џафери не ги коментира политичките изјави.

До сега, официјално ВМРО-ДПМНЕ нема доставено барање за свикување на итна седница. И затоа нема да има став од страна на претседателот на Собранието Џафери. Како и до сега, претседателот Џафери нема да коментира политички изјави, до моментот кога ќе достават официјално – велат од Кабинетот на Џафери.

Во меѓувреме, јавноста збесна од потегот на премиерот Заев кој само по првичниот извештај на Обвинителството, реши да ги одбие понудените оставки на министерот и заменик министерот, иако истрагата е се уште во тек. Низа оправдувања произнесе првиот човек на Владата зошто Филипче и Хасани нема да се збогуваат од функциите – од примери дека не сме единствени во светот каде изгорела модуларна болница, до пример како здравствениот систем, кој според него добро функционирал, би се ризикувал доколку постави нови менаџери на здравството оти актуелните покажале дека добро го управуваат, и покрај тоа што Македонија е меѓу првите земји со најлоша епидемиолошка слика и најголем број починати од корона вирус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...