9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаМалку фалеше да се качи и на тапан: Заев повторно се расфрла...

Малку фалеше да се качи и на тапан: Заев повторно се расфрла со пари на митингот во Охрид. (Видео)

spot_imgspot_img

Вчера во Охрид се одржа централниот митинг на СДСМ и коалицијата “Најдоброто за мојата општина”. Египќаните организирано даваат поддршка на актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Константин Георгиески.

Првиот човек на ПИРАМИДА ЗЕМ Арбен Демироски Бено, кој е кандидат за советник на СДСМ и коалицијата “Најдоброто за мојата општина” и кој важи и за неформален лидер на заедницата на Египќаните во Охрид, неодамна за локалниот портал Охрид 1 изјави:

-Египќаните со децении беа мета на разни форми на влијанија со цел да се употребуваат на изборите. Кога велам влијаниа тоа е широк спектар на различни форми кои го спроведуваа одредени центри и секогаш гласаа за други бидејќи Египќанец никогаш немаше за кандидат. Од 2016 година тоа веќе не е така. Тогаш имавме двајца кандидати Египќани, едниот стана советник и до денес е на таа функција. Изборите се пред нас, дали во коалиција со друга поголема партија, или сами на избори, ние повторно ќе имаме советник и ќе останеме на политичката сцена. Тоа никој повеќе нема да може да го спречи.

Египќани пристигнаа и со тапани, па на самиот крај направија и одлична музика, што го расположи и премиерот Зоран Заев, по што тој лепеше пари на тапаните и со аплауз ја поздрави музиката.
Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...

Кандидатот за пратеник Д-р Александар Веслиески со честитка за престојните Велигденските празници.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита претстојните Велигденски...

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...