8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМисајловски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50.000 гласа разлика

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50.000 гласа разлика

ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50 илјади гласа разлика. Убедлива победа во советите објави денеска Владо Мисајловски

Тој вели дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот триумфираше на локалните избори. Победата им припаѓа и на младите и на старите, и на христијаните и на муслиманите, и на Македонците, и на Албанците, и на Турците, и на Србите, и на Бошњаците, и на Ромите, и на Власите, и на сите останати. И на работниците, и на земјоделците, и на докторите, и на просветните работници.

Залудни беа притисоците, поткупот, заплашувањата. Народот победи. Победи Македонија. Промените во Македонија се неминовни, затоа што Македонија ги победи поделбите, криминалот и безидејноста која ги создава власта на Зоран Заев. Тоа не го покажува само бројот на градоначалници кои се освоени во првиот круг и бројот на кандидати кои одат со водство во вториот круг, туку тоа го покажува и бројот на гласови освоени на советничките листи на ниво на државата.

Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ под реден број 7, споредено со листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ е над 50 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ над 50 илјади гласа разлика.

ВМРО-ДПМНЕ има освоено најголем број гласови на советнички листи во вкупно 40 општини. Во 40 општини имаме победи во советите.

ВМРО-ДПМНЕ има повеќе гласови на советнички листи од СДСМ освоено во вкупно 46 општини.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ има избрано градоначалници во првиот круг во 21 општина и тоа:

Аеродром;
Кисела Вода;
Сопиште;
Бутел;
Гази Баба;
Виница;
Зрновци;
Петровец;
Илинден;
Штип;
Карбинци;
Свети Николе;
Велес;
Градско;
Босилово;
Неготино;
Кавадарци;
Прилеп;
Могила;
Новаци;
Јегуновце;
И за кратко најверојатно ќе стигне и во прв круг победата во Ѓорче Петров.

Водиме во вториот круг во 12 општини

Македонски Брод;
Зелениково;
Чешиново Облешево;
Кратово;
Радовиш;
Василево;
Ново Село;
Битола;
Охрид;
Кичево;
Брвеница.
И го спомнав Ѓорче Петров што мислиме дека набрзо ќе биде разликата, односно се ќе биде завршено во првиот круг.

Но, дополнително на ова ВМРО-ДПМНЕ има убедлива победа на советничката листа за градот Скопје предводена од професорот Трајко Славески, а имаме и огромно водство на Данела Арсовска.

Народот го порази Заев. Народот одбра иднина, народот избра промени, проекти и победи, наместо неспособност, неработење и криминал на власта предводена од Заев. Македонија е на чекор до конечна победа која ќе биде крунисана со детонизирање на ненародната власт на Заев. Оваа власт нема повеќе легитимитет и прашање на време е кога ќе биде целосно поразена. Да се обединиме до конечната победа. Волјата на народот е јасна. Македонија бара промени за подобра иднина на нас и на нашите идни генерации.

Ги повикувам сите, сите гласачи кои сакаат нешто да се промени и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определија првично за нас, и оние кои што се разочарани од политиката. Ајде заедно да се обединиме време е да ги надминеме разликите да се мобилизираме и да се обединиме. Да покажеме слога во намерите да се направи нешто подобро. Потребни сме и сите заедно на Македонија, со поделби само други користат.

Потребни сме сите заедно да се бориме рамо до рамо и само така ќе успееме, сложно. Да покажеме дека самите сме господари над сопствените судбини и никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...