12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДосегашниот градоначалник на Охрид: Ќе продолжам да си работам како лекар.

Досегашниот градоначалник на Охрид: Ќе продолжам да си работам како лекар.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

осегашниот градоначалник на Охрид од СДСМ, Константин Георгиески, му ја честита победата на својот противкандидат,Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и рече дека сега ќе се врати на професијата и ќе работи како лекар.

<

„Ја користам оваа можност да му го честитам изборот на новиот градоначалник на Охрид, господинот пратеник Кирил Пецаков, да му посакам пред сè добро здравје и успех во работата. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за бројот 12 на вчерашните локални избори, ми беше чест овие две и пол години да им служам на граѓаните и на Охрид. Решававме крупни, големи проблеми. Изработивме проекти кои ќе останат зад нас, а оставаме и проекти кои се спремни за реализација како ‘Македонски просветители’, катната гаража, плоштадот Чинар и ред други. Мислам дека со вчерашниот ден заврши едно поглавје од мојот живот кој вклучуваше политички ангажман, мислам дека сега ќе се посветам на професијата од каде што дојдов и ќе продолжам да работам како лекар“,

рече Георгиески на денешната прес-конференција.
Тој вчера освои 13 186 гласа или 3 807 помалку од Пецаков кој освои 16 993 гласа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...